Мончи за новиот договор на Џеко: Ништо ново


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Босанскиот напаѓач игра навистина одлично и на својот тим му има донесено голем број на бодови, како во ЛШ, така и во првенството на Италија.

Меѓутоа и покрај добрите партии во дресот на римскиот тим, сеуште не му е понудено продолжување на соработката, што се најавуваше претходните месеци во италијанските медиуми.

Спортскиот директор, Мончи јасно кажа дека од преговорите за нов договор засега нема ништо.

„Нема ништо ново околу тоа. Фокусирани сме на првенството и тоа е се што може да се каже“, кратко рече Мончи.

Един е врзан со договор до јуни 2020. година, а претходните месеци поради тоа тимот од Олимпико одби неколку европски великани.

Оваа сезона Џеко има постигнато седум погодоци на 15 настапи за Рома.