„Мораме да се поправиме ако сакаме да го победиме Ферари!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека неговиот тим мора да се поправи ако сака да го победи Ферари во наредната трка во Ф1 во Кина.

Тројниот светски шампион Хамилтон пред две недели во првата трка во шампионатот за ГН на Австралија го освои 2-то место, зад возачот на Ферари, Фетел додека Ботас беше трет.

„Одевме на победа, но тие беа подобри и победија. Секако, секогаш може да анализирате различни сценарија, дали сте можеле нешто да направиме. Мораме да бидеме подобри!“

Ова беше прва победа за Фетел од септември 2015-та година.

Трката за ГН на Кина се вози во недела од 8 часот во Шангај, а Мерцедес на таа патека победуваше 4 пати во последните 5 години.