Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Милан победи вчера на гостувањето кај Сасуоло во рамките на италијанската Серија А со 1:0.
Мечот го одбележаа бројни грешки на судијата, а тренерот на Милан Винченцо Монтела порача после мечот дека грешките на судијата одеа во корист на неговата екипа, но дека и тоа еднаш мораше да се случи.
„Мислам дека судијата немаше време да одмори бидејќи после секој прекршок се протестираше. Поради тоа и грешеше.
На мене натпреварот и не ми се допаѓаше бидејќи имаше доста тензии, а тоа не го сакам. Имавме шанси, баш како и Сасуоло. Мораме сите да ги прифатиме грешките на судиите. Најважно е да ги респектираме“, рече Монтела.
Милан после победата остана на 7 место од Серија А со 47 бодови.