„Морам да бидам сериски убиец во нападот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ромелу Лукаку ги замолчи критичарите со хет-трик против Сандерленд и го прекина голгетерскиот пост кој траеше уште од март во оваа година.

Напаѓачот на Евертон се надева кдека ќе биде уште поубиствен во нападот, и ќе придонесе за уште подобри резултати на екипата.

„Мислам дека можевме да одиграме и подобро, посебно во првото полувреме. Не беше онака како што сакавме.

Одлично се браневме и не можевме да создадеме шанси, освен таа која што ја пропуштив.

Второто полувреме беше значително подобро и стигнавме до заслужена победа.

Мислам дека на крајот можевме да постигнеме и пет голови, па така морам да бидам како сериски убиец“, смета Лукаку.

Со десет бода во четири кола, Евертон моментално е на делба на второто место од Премиер лигата со Челси.