Мората залудно се надеваше, еве како ќе изгледа нападот на Челси во наредната сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот воопшто не е опција додека Конте не се обиде да направи дрим-тим во нападот.

Многу се зборуваше за трансфер на Мората во Челси, па и тој почна да бара куќа во Лондон, но Шпанецот не е помеѓу првите 3 опции на Конте.

Нападот на Челси би требало да добие поинаков изглед, многу од тоа зависи и од Коста, но ако тој замине, Лукаку ќе биде замена, па тешко може да се верува дека Евертон ќе го спречи играчот да замине.

Санчез има понуда, 250 000 фунти кои ги бара од Арсенал, би ги добил од Челси, тоа не е проблем. Арсенал може да не го пушти, но тој е подготвен да чека до 2018-та година и потоа како слободен играч да замине.

Ако успее да го направи овој тандем, Конте со продажбата на Батшуаи, би донел пари за да го донесе Љоренте.

Па Мората не доаѓа во предвид како прв избор, дури и ако не дојде Санчез, Конте ќе бара сличен тип на играч, некој кој би можел да игра во формација 3-4-3 со Азар и Лукаку..

Според него, Мората не е таков тип на фудбалер.