Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи на Стемфорд Бриџ стигна до победа над унгарскиот МОЛ Види со резултат 1:0 во натпревар од второто коло од Лигата на шампиони.
Гол вреден цела победа постигна Алваро Мората. Конечно шпанецот постигна гол после низата на промашувања кои ги редеше веќе некое време, но и на овој натпревар пред да го постигне погодокот се засрами бидејќи промаши една огромна шанса.
Прописно навивачите на Челзи го прозваа Мората на друштвените мрежи после низата од промашувања, а интересна е неговата ,,прослава” на голот кој го постигна во 70та минута.
Никаква радост немаше на неговото лице, повеќе изгледаше како конечно да му паднало камен од срцето, а помалку делуваше и како соиграчите да го тешеа.