Мората ќе се соочи со жестока санкција, по контроверзната прослава на погодокот во дресот на Атлетико Мадрид?! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид вчера пред своите навивачи славеа против Виљареал со 2:0 во рамки на мечот од 25. коло во Примера.

Атлетико до победата дојде на крилата на Алваро Мората и Саул кои постигнаа единствени голови на овој меч. Натпреварот сигурно долго ќе го памети Мората кому ова му е дебитантски гол во дресот на мадридскиот клуб откако изминатиот месец пристигна како засилување од Челси.

Мората мрежата на Виљареал ја затресе во 31. минута кога одлично му асистираше Филипе Луис, и имаше веќе извежбана прослава на пгодокот кој денес е главна тема во Шпанија.

Тој го имитираше главниот судија, односно ситуацијата кога судијата проверува ВАР. Оваа прослава беше поради тоа што му беше поништен погодокот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Како што се наведува, Мората би можел и да биде казнет доколку се испостави дека го исмејувал судијата, а Марка пренесува дека конечната одлука ќе биде донесена во следните денови, и дека навистина е покрената истрага по повод прославата на погодокот.