Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу прашина се подигна во Италија откако одземањето на капитенската лента на Мауро Икарди во Интер.
Таа му е доделена на Самир Хандановиќ, управата застана на страната на добрата атмосфера во тимот, а малкумина се на страната на аргентинскиот напаѓач.
Сепак, Икарди има сојузник во влијателен човек, односно бившиот претседател на Интер, Морати.
„Дали жалам поради Бергоми и Занети? Гледам голем капитен и во Икарди. Секогаш играше со ентузијазам, сериозност и професионализам. Немам што да додадам“, истакна Морати, но не заврши.
Нему му пречи што во Интер во јавноста го изнесуваат „целиот валкан веш“.
„Јас сум крив, тој е крив, ти си крив, се е пуштено во јавност од страна на Интер, се е на улица и тоа не е добро.
Се чини како бескорисен потег, одземање на капитенската лента среде сезона, кога не можете да продадете играчи и со одредени цели кои се обидувате да ги остварите. Не знам каква предност може да донесе ова“, додаде Морати.