Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Торган Азар има интересна и не така нереално предвидување.
Блеска Челси. Блеска и Еден Азар. Како што го одигра последниот натпревар во Премиер лигата, на ситни делови ја растури одбраната на Арсенал, не е никакво чудо што веќе сега го сметаат за еден од најголемите поединци во оваа сезона. Не само во Англија.
Листата на обожаватели, сосема природно и разбирливо, ја предводи неговиот роден брат, Торган, играчот за врска на Борусија од Мехенгладбах, кој е убеден дека „десетката“ на Сините ќе ја одбележеи ерата во најпопуларниот спорт штом сегашните владетели ќе остарат.
„Да, да. Сите мислат дека Еден има потенцијал да стане фудбалер од светска класа. Проблем е во тоа што моментално имаме двајца такви на планетата. Во прашање се Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Исклучително се силни, можеби мојот брат ќе мора да почека малку. Или тие двајца да ја завршат кариерата. Или уште малку да остарат“, во шеговит тон, но искрено, рече Торган Азар.
Самиот Еден изјави дека цел му е да ја освои Златната топка, која од 2007 година не го менуваше сопственикот, поради што ја освојуваа Меси и Роналдо.
„Еден ќе стане еден од најдобрите. За мене, тој тоа веќе е. Сакам да го видам наскоро на листатана најтесни кандидати за Златната топка. Верувам дека ќе успее. Ми се чини дека луѓето, кога го гледаат како Азар игра, велат “леле, каков фудбалер“.
Во оваа сезона, Еден потсетува на изданието од пред две сезони. Даде десет и намести четири голови, па заедно со Диего Коста ја сочинуваат ударната игла на Челси во походот на трофејот.
„Силен на топка. Истовремено и многу брз. Ги поседува сите карактеристики за врвен фудбалер. Гледајќи каков беше на натпреварот против Евертон заклучив дека секогаш сакам таков да го гледам. Беше фантастичен. Тоа е неговиот живот“, објаснува Торган Азар, две години помлад од Еден.