Моќната тројка: Сити, Челси и Ливерпул урнаа рекорд во Премиерлигата! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Досега беа одиграни десет кола во Премиерлигата, а три тима уште не знаат за пораз. На врвот на табелата се наоѓаат Ливерпул и Манчестер сити, кои го делат првото место, а Челси е трет со два бода помалку.

Сити и Ливерпул досега двапати ремизираа, а Челси има три реми резултати. Доминантната тројка во Премиерлигата на тој наин постави рекорд во натпреварувањето.

Никогаш во историјата не се случило да нема непоразени тимови по десет одиграни кола.

Сите останати екипи имаат по најмалку два порази, додека Њукасл и Хадерсфилд се единствени кои немаат победа.

Во следното коло се игра големото дерби Арсенал – Ливерпул, па „топчиите“ би можеле конечно да ја прекинат серијата на „црвените“.