Мунтари се враќа на мала врата во славниот шпански клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кларенс Сидорф од пред неколку дена и официјално е нов предводник на славниот шпански тим Депортиво Ла Куруња со кој ќе се бори за опстанок во Ла Лига.

На тимот му недостасува последен играч за врска, играч кој ќе ја организира играта, а Сидорф решението го пронашол во искусниот Сали Мунтари.

Имено, Мунтари е без клуб од минатото лето кога му истече договорот со тимот на Пескара. Некогашниот играч на Интер и Милан најпрво ќе мине краток пробен период а потоа веројатно ќе потпише шестмесечен договор со Депортиво Ла Куруња.