Мурињо бараше да се одложи натпреварот со Ростов – УЕФА експресно одговори


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утре играат на гости против Ростов во првиот натпревар од 1/8 финалето во ЛЕ.

Жозе Мурињо сакаше да ги избегне руските клубови во оваа фаза на натпреварувањето бидејќи неговиот тим го очекува долг пат. Сепак, неговите желби не се остварија, а по доаѓањето во Ростов го пречекаа уште поголеми проблеми.

Стадионот на рускиот клуб се наоѓа во лоша состојба и португалскиот тренер побара натпреварот да се одложи. УЕФА не му ја исполни желбата на Мурињо и натпреварот ќе се одигра како што беше планирано.

„Теренот можеби не е во одлична состојба, но се разбира дека може да се игра. Натпреварот ќе започне кога што беше планирано“, соопштија од УЕФА.