Мурињо бара засилување во одбраната, а челниците на клубот доведуваат играч кој ни во сон не го сака


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во сабота на Олд Трафорд го победија Њукасл после пресврт со 3:2.

Црвените ѓаволи одиграа навистина очајно прво полувреме после кое гостите водеа со 2:0. Се чинеше тогаш дека тоа ќе биде уште една катастрофа на екипата на Жозе Мурињо, но во второто полувреме играа многу подоброо и после неверојатниот пресврт стигнаа до победа.

Мурињо во првиот дел беше бесен на својата одбрана која направи две очајни грешки, а сметката ја плати Ерик Бејли кој излезе после само 20 минути игра. Англиските медиуми шпекулираат дека Јунајтед сака во јануари да донесе засилување во одбраната и дека сега тоа е приоритет.

Меѓутоа, навивачите на Јунајтед се разочарани бидејќи се најавуваат шпекулации дека нивниот клуб ќе го донесе Андреас Ганквист. Шведскиот дефанзивец неодамна го прослави 33тиот роденден и моментално игра за Хелсингборг.

Сепак, наводно Мурињо изјави дека сака засилување во одбраната но челниците на клубот очигледно не сакаат да му излезат во пресрет, а доведувањето на Гранквист тешко дека ќе промени нешто.

,,Постои интерес и тоа е точно. Чест ми е што ме поврзуваат со толку голем клуб и ќе видиме што ќе се случи во Јануари. Тогаш клубовите ќе треба да се договорат бидејќи мојот договор веќе се знае”- рече Гранквист.