„Мурињо верува во мене, Ван Гал не“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Фил Џонс рече дека ужива во работата со Жозе Мурињо после фрустрацијата со Луј Ван Гал. Во минатата сезона имаше повреда на коленото па почна само шест мечеви во Премиер лигата, но во оваа сезона се почесто учествува во мечевите на екипата.

„Имам чувство дека само тројца менаџери веруваа во мене и ме разбираа како играч. Тоа не е критика на овие другите, но тројцата се Сем Алардајс, Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо. Ми дадоа вера и самодоверба. Јас не сум играч на кого е потребно секој ден да зборува како е брилијантен. На некои тоа е потребно. Но, овие тројца ми дадоа самодоверба“, рече Џонс и додаде каков проблем имаше со Ван Гал.

„Бев на клупата на Вембли во финалето на ФА Куп, а во текот на последните два месеци во последната сезона на Ван Гал бев спремен за игра. Само ме испраќаше да играм за резервите. Тој мислеше дека треба да бидам поспремен. Немав проблем со тоа. Работев се што ми е речено, но немавме добра соработка“.