Мурињо верува дека Алексис ќе напредува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо верува дека Алексис Санчез ќе ја врати посакуваната форма од Арсенал во Манчестер Јунајтед, но тврди дека немал влијание во одлуката Чилеанецот да ги прескокне пријателските натпревари на неговата селекција.

„Се надевам ќе се подобри. Се надевам сите ќе го видиме тоа. Имаше солидна предсезона и добар старт на сезоната. Тогаш заработи мала повреда која го оддалечи од терените. Тој е посветен и фокусиран, работи напорно и сигурен сум дека ќе напредува“- коментираше Мурињо.

Алексис Санчез никако не може да ја најде старата форма која ја имаше во Арсенал пред да биде донесен во Манчестер Јунајтед. Засега Чилеанецот воопшто не ја оправдува довербата укажана од „црвените ѓаволи“.