Мурињо го загуби и последниот „сојузник“: Нема веќе милост, последниот збор ќе го има Сер Алекс Фергусон?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Смената би можела да се случи веќе во текот на следната недела, активиран е планот на клубот, по кој ништо повеќе нема да биде исто. Што ќе се случи во Погба?

Иако Жозе Мурињо тврди дека неговата работа е загрозена, медиумите сметаат дека неуспех против Фулам би го натерало клубот да го активира планот кој постои.

Имено, Јунајтед би платил обештета за Покетино, би му дал поголема плата од 10 милиони колку што заработува во Тотенхем, и би го украл пред носот на Реал. Во клубот веруваат дека Покетино е најдобро решение, поради својот мир, фактот дека со години во Тотенхем со ограничени ресурси извлекува најмногу од тимот. Самиот Аргентинец е незадоволен бидејќи повеќе од пласман во Лигата на шампионите не може, и нема да може, бидејќи Тотенхем со изградбата на стадионот ги испразни фондовите и тешко е дека можат да донесат сериозни засилувања.

Од друга страна, во Јунајтед се зборува дека Мурињо ја загубил поддршката и од Сер Алекс кој смета дека ако е во право поради Погба, Португалецот не успеал да го донесе борбениот дух во соблекувалната.

Што се однеасува во Погба, летово за него е одбиена понуда од Барселона која ги нудеше Мина и Андре Гомеш, разбирливо Јунајтед тоа го отфрли без размислувања, но од сегашната позиција, кога Французинот е резерва, јасно е дека тоа можеби и не е лош дил.

И Сер Алекс ќе се прашува, како што се наведува Мурињо смета на него како сојузник во желбата да се ослободи од Погба, но Шкотот работи од зад грб, и сигурно нема јавно да се изјасни, иако неговиот збор и натаму има тежина во клубот.

Она што би требало да се каже е дека Погба не делува ниту малку порасположен по ремито со Арсенал, кога беше тргнал од тимот и шанса му беше укажана само во самиот финиш.

„Што сакате да ви кажам“, истакна пред новинарите кои го запрашаа какво е неговот мислење за мечот.