Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед има совет за својот млад напаѓач кој игра променливо во оваа сезона.
Антони Марсијал не блеска во оваа сезона, по доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ ја загуби „деветката“ на грбот и на теренот, па поради тоа почнаа шпекулации за негово заминување.
Се споменува премин во Севиља на позајмица до крајот на сезоната, но Мурињо нема да дозволи да остане без својот напаѓач кој го советуваше да се угледа на Хенрик Михтаријан.
„Секој играч е подруг. Во оваа сезона имав проблем во поедини ситуации кога морав да бирам меѓу Марсијал и Михтаријан. Марсијал во минатата година практично беше најистурен играч и чекаше топка да влезе во празен простор и да постигне погодок.
Во оваа сезона е многу потешко, потребно е време да се докаже.
Треба да го следи Михтаријан“, рече Мурињо.
Марсијал во минатата сезона постигна 17 голови на 49 мечеви во сите натпреварувања, а во оваа четири погодоци на 17 мечеви.