Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Веќе одамна се шпекулира дека одличниот колумбиски штопер Јери Мина го раскина договорот со Барселона и покрај одличната игра која ја покажа на Мундијалот во Русија.
Сепак, интересот за него е голем. Откако се појавија информации дека неколку клубови од ,,понизог ранг” се заинтересирани за неговите услуги, пред неколку денови се појавија гласини дека Манчестер ЈУнајтед е заинтересиран да го види во своите редови.
Јунајтед немаше премногу успех со трансферите ова лето, па така Мурињо со исклучок на Фред остана без голем број засилувања.
Сепак, сега неколку угледни медиуми, вклучувајќи го и Скај Спортс и РМЦ Спорт, пренесеуваат дека Менчестер Јунајтед ги ,,забрза работите” т.е. во моментот е во трка за одличниот колумбиец.
Наводно, Олд Трафорд се спремни за 23 годишниот Мина да издвојат околу 30- 35 милиони фунти, а овој фудбалер би можел да биде одлично засилување за Мурињо кој сака да ја засили својата задна линија пред почетокот на новата сезона на Премиер Лигата.
Мина е одличен и пред противничкиот голман, а тоа го покажа на Мундијалот во Русија на кој постигна 3 голови во дресот на селекцијата на Колумбија.