Мурињо му „краде“ голман на Гвардиола!?

Голманот на Манчестер сити на позајмица во Вест хем, Џо Харт, би можел кариерата да ја продолжи во Манчестер јунајтед.

„Сан“ пишува дека „ѓаволите“ сакаат да купат неколку англиски фудбалери, а токму една од нивните желби е Харт.

Договорот на поранешниот репрезентативец на Англија со „граѓаните“ завршува наредното лето, но Пеп Гвардиола нема да има ништо против, Харт да замине уште летово.