Мурињо најде нова „десетка“ за Манчестер јунајтед (ФОТО)


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Очигледно тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, решил да најде нова „десетка“ и да го додели бројот кој е слободен од март кога Златан Ибрахимовиќ замина во Лос Анџелес галакси.

Во вчерашниот дуел против Баерн Минхен, Мурињо му ја додели „десетката“ на Маркус Рашфорд и најверојатно тој ќе го носи бројот во новата сезона.

Инаку, броевите на фудбалерите уште не се потврдени во Манчестер јунајтед, но се очекува тоа да го направат во наредните денови.

Да се потсетиме, популарната „десетка“ во Јунајтед ја носеа играчи како Теди Шерингам и Руд ван Нистелрој, а на почетокот на кариерата ја носеше и Дејвид Бекам.