Мурињо најде нов лев бек и не чини многу


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалецот има нова мета.

Манчестер Јунајтед го следи развојот на левиот бек на Селтик, Киеран Тирни.

Наводно, Жозе Мурињо го следи 19-годишниот фудбалер последните неколку месеци и скаутите на Јунајтед му пренесоа позитивни впечатоци.

Уште не е познато дали Јунајтед би можел да го доведе оваа зима или ќе почека до лето.

Тирни е проценет на 12 милиони евра, а на Јунајтед тоа нема да му претставува проблем.

Тирни е дете на Селтик, роден е 1997-ма година, а во првиот тим игра две години, а има дебитирано и за репрезентацијата на Шкотска.

Лук Шо најверојатно ќе биде отпишан после доаѓањето на овој фудбалер.