„Мурињо не го сакаат тие што сакаат фудбал!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема сомнеж дека оваа изјава на Гулит ќе предизвика големи реакции.

Многумина сметаат дека Мурињо не негува добар фудбал, а со тоа се сложува и поранешниот играч на Фејенорд, ПСВ, Милан, Сампродија и Челси.

За тоа сведочи и неговата изјава за медиумите.

„Го разбирам Мурињо и неговиот карактер. Разбирам дека целта е да се победи и тоа во поголемиот случаи успева да го направи, но луѓето кои навистина сакаат фудбал, меѓу кои сум и јас, ги фрустрира гледањето на таков фудбал.“

„Се оди на тоа да постигнеш гол, да го превземеш водството, а потоа да се браниш.“

„Најлошо од сето тоа е неговиот пристап кој сака да ја унапреди оваа игра и да ја зацврсти.“