„Мурињо не е виновен што не играв“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хенрик Михтаријан во ова лето стигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување од Борусија Дортмунд.

Михтаријан на Олд Трафорд стигна неколку дена после Златан Ибрахимовиќ, и најавен како големо засилување.

Во подготвителните натпревари беше во почетниот состав на Црвените Ѓаволи, и одигра неколку мечеви на отворањето на сезоната.

Сепак, после тоа Жозе Мурињо едноставно одлучи дека Михтаријан не му треба, и овој играч неколку натпревари ги следешд од трибините.

Меѓутоа, португалскиот стручнак во последните мечеви повторно се одлучи да му даде шанса на Михтаријан кој тој ја искористи.

Навивачите на Манчестер Јунајтед беа изненадени денеска кога овој играч изјави дека Мурињо не е виновен што не играше, и дека се било негова вина.

„Никогаш сум немал лош однос со Мурињо и никогаш не било проблем во него веќе во мене. Разбирам дека лошо ја почнав сезоната и поради тоа не заслужив да играм. Одлучив да ја искористувам секоја шанса, да докажам на сите дека заслужувам да бидам тука“, рече Михтаријан.