Мурињо нуди 130 милиони евра за трио од Тотенхем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо сака во летниот преоден рок да ангажира дури тројца фудбалери на Тотенхем.

Како што наведуваат англиските медиуми, Португалецот има намера за целосно да го реконструира тимот, посебно во одбраната и средниот ред.

Па така среми дури 130 милиони евра за Кајл Вокер, Дени Роуз и Ерик Дајер, а наводно е спремен на сите да им ги дуплира платите со цел да дојдат на Олд Трафорд.

Најблиски до заминување е Вокер. Одличниот дефанзивец не е во најдобри односи со менаџерот на Спарси Маурицио Покетино и наводно се е спремно за негово продавање.

Исто така, се споменува и дека Дени Роуз може да го напушти лондонскиот тим, но се мали шансите да замине и одличниот Ерик Дајер.

Сепак, понудите од Олд Трафорд секако се привлечни.

Мурињо ќе направи се со цел да ги придобие да дојдат во неговиот тим, но и Манчестер Сити исто така покажа голем интерес, посебно за Вокер и Роуз.

Летниот преоден рок е пред нас и сигурно е дека ќе видиме доста интересни и скапи трансфери.