Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо денеска потврди – двајца играчи го напуштаат клубот!
Манчестер Јунајтед во оваа зима ќе ги продаде Морган Шнајдерлин и Мемфис Депај, додека Швајнштајгер може да остане на Театарот на соништата.
Сепак, тие ќе заминат само во случај на понуда за продажба, додека позајмица не доаѓа во предвид.
Двајцата играчи нема да бидат во составот за саботниот меч со Рединг во ФА куп.
Да потсетиме, Шнајдерлин е на чекор од премин во Евертон повеќе за тоа ТУКА.
„Дозволив да го напуштат клубот во случај на вистинска понуда. Во овој момент не сметам на нив и поради тоа не се во составот за наредниот меч. Пред неколку недели делуваше дека 100 % заминуваат, но во овој момент шансите се мининални, во однос на квалитетите кои ги поседуваат. Значи, ќе чекаме вистински понуди и тогаш може да заминат“, рече Мурињо.
Тој исто така потврди дека Бастијан Швајнштајгер може да остане до крајот на сезоната.
„Тој сака да остане во клубот и можеби да не замине во јануари“, истакна Мурињо.