Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ до крајот на кариерата во дресот на Манчестер Јунајтед? Делуваше апсолутно невозможно, но повеќе не.
Менаџерот на црвените ѓаволи, Жозе Мурињо е уверен во таквиот расплет на ситуацијата.
Иако самиот швеѓанец откри дека до крајот на кариерата сака да игра во МЛС, Мурињо тврди поразлично од него.
„Многу сум среќен поради него. Многу мислат дека тој некогаш беше врвен голгетер, но него му е сеедно дали има 25 или 35 години. На Златан му е сеедно дали игра во Англија или Франција, тој постигнува погодоци секогаш. Среќен сум што кариерата ќе ја заврши на високо ниво. Тој сигурно нема да замине во Америка или Кина, Ибра кариерата ќе ја заврши највисоко ниво“, изјави Мурињо.
Наводно во Јунајтед планираат после летото 2018-та година да го задржат Златан и се спремни да му понудат да учи тренерски занает од Мурињо..