Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, на суд се најде и Мурињо, кој е обвинет за затајување данок. Португалскиот стручњак не сакал премногу да се расправа и веднаш ја прифатил вината.
Мурињо се терети дека затаил околу 3.3 милиони евра данок и после неговото признавање судот ја одлучил неговата казна. Мурињо ќе мора да плати 699.323 евра обештетување и ќе биде казнет со година дена условна казна затвор.
Истрагата е започната пред неколку години, бидејќи Мурињо не плаќал данок на комерцијални права во 2011 и 2012. година додека беше на клупата на Кралскиот клуб.