Мурињо прочита лекција на играч на Борнмут


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед не успеа денеска да слави против Борнмут на својот терен (1:1).

Мечот на Олд Трафорд донесе доста возбудувања.

Црвените ѓаволи промашија и пенал за победа, а интересно беше и во текот на комплетниот натпревар на теренот.

Имаше доста искри, а посебна пресметка на теренот имаа Тајрон Мингс и Златан Ибрахимовиќ.

Мингс и Ибра во текот на целиот меч имаа доста пресметки, а тоа го виде и менаџерот на Јунајтед Жозе Мурињо кој сакаше да ги земе работите во свои раце.

Тој на пауза го сочека Мингс.

Му приговори поради дуелот со Ибрахимовиќ, а очигледно ни Посебниот не беше скржав на зборови.

Минг поприлично го „искулира“ менаџерот на Јунајтед, а заштита му пружија и соиграчите.