Мурињо сигурно сега жали, Манчестер лани можел да купи страшен дефанзивец за 15 милиони!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед се обиде летово да го ангажира Хари Мегваер од Лестер сити за 75 милиони фунти, но не успеаа во својата намера.

Ѕвездата на Лестер беше една од најголемите желби на Жозе Мурињо летово, но 25-годишниот играч остана кај „Лисиците“.

Сепак, англиските медиуми откриваат дека „црвените ѓаволи“ можеле да го купат уште минатата година, но тогаш не сакале да платат 15 милиони фунти.

Тоа го искористи Лестер сити и го купи од Хал сити за само 12 милиони фунти.