Мурињо со пофалби до Погба

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо беше задоволен по синоќешната победа против тимот на Бурнемут во рамките од 34. коло од Премиер Лигата.

Црвените ѓаволи славеа рутинска победа до 2:0, а Мурињо по натпреварот истакна дека Погба беше најдобар поединец на теренот.

„Не ги сакам многу наградите кои се доделуваат на најдобар играч за натпреварот, зошто јас водам тим, а не поединци. Меѓутоа, мора да признам дека Погба беше навистина најдобар. Против Сити беше феноменален, но сега беше многу, многу добар“- порача Мурињо.

Односите помеѓу овие двајца не се баш најдобри, а се шпекулира дека Погба би можел да си замине од клубот во текот на летниот преоден рок.