Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот стручњак Жозе Мурињо редовно гостува во емисии на англиската телевизија BeIN како стручен коментатор за најсилната европска лига.
Фокусот на Мурињо секогаш е ставен на Премиер лигата, но понекогаш ги коментира и дерби натпреварите ширум Европа. Така беше и викендов кога Португалецот скоро заборави да се осврне на саботното Ел Класико каде што Барселона успеа да слави над Реал Мадрид.
Барселона на Сантијаго Бернабеу славеше со минимални 1-0, а херој беше Иван Ракитиќ кој го постигна единствениот гол на мечот. Мурињо дури тргна да си оди од студиото, но мораше да се врати да каже нешто за хрватскиот интернационалец.
„Пред да си одам да кажам уште нешто. Ова сакам да го кажам долго време. Иван Ракитиќ е еден од најпотценетите играчи во светот. Сакам така да завршиме вечерва“, заврши Мурињо.