Мурињо тргна по новиот Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Лисабон стигна вест дека Манчестер Јунајтед нуди 30 милиони евра за големата надеж на португалскиот фудбал.

Португалската А Бола објави дека Мурињо во својот тим го сака Гонзало Гуедеш.

За новиот Роналдо како што го нарекуваат овој 20-годишен фудбалер во Португалија, Манчестер Јунајтед е спремен да и понуди на Бенфика 30 милиони евра.

Се сомнева дека Мурињо го продал Мемфис Депај само за да направи простор за Гуедеш.

Суперагентот Жорж Мендеш кој ги застапува Мурињо и Гуедеш наводно го убедил претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виера.