Навас: Разговарав со Лопетеги, се е во ред


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Костарика, Кејлор Навас очигледно не е загрижен поради гласините за доаѓањетоа на Тибо Куртоа во Реал Мадрид.ж

Во последните четири години откога Навас е член на Реал, многу пати се зборуваше дека Реал ќе донесе нов голман што ќе го замени но тоа сеуште не се случи.

Сепак се чини дека досега немало сериозна ситуација како оваа бидејќи наводно Реал постигнал договор со Челзи околу доаѓањето на најдобриот голман на Мундијалот во Русија, Куртоа, но за тоа Навас очигледно не е загрижен.

,,Разговарав со Лопетеги. Се е во ред, мирен сум. Ми остануваат уште две години од договорот. Вредно работев од моментот кога го потпишав договорот. Уживам во секој момент во Реал и морам да разгледам што ќе се случи во иднина. Се надевам и во неа ќе уживам”- рече Навас.

Ве потсетуваме, дека Навас во Реал пристигна во 2014 година од Леванте за 10 милиони евра