Навивачите во шок: Икарди ја игра последната сезона во Интер!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди летово остана во Интер, иако имаше неколку интересни понуди, но очигледно во јануари би можел да си замине.

Икарди беше желба на Реал Мадрид, но „кралевите“ не беа подготвени да платат 110 милиони евра. Меѓутоа, во италијанските медиуми се појави информација дека Аргентинецот во јануари ќе ја напушти „Џузепе Меаца“.

Наводно, интерес за него покажал Манчестер јунајтед, кој е подготвен да ја активира откупната клаузула за да не преговара со Интер. Сепак, проблемот е што клаузулата може да се активира во последните две недели на сезонава.

Но, на „Олд Трафорд“ размислуваат за наредната сезона и јасно дека не сакаат да ја пропуштат шансата за ангажирање на 25-годишниот напаѓач.

Икарди во дресот на Интер одигра 184 натпревари, постигна 107 голови и 24 асистенции.