Навивачите го чекаат Пјатек, а Милан си купи – нов стопер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Милан со нетрпение го чекаат клубот да го претстави Криштоф Пјатек, но во меѓувреме „росонерите“ решија да купат нов фудбалер од Португалија.

Италијанските медиуми пишуваат дека Тиаго Дјало пристигнува во Милан и во понеделник ќе потпише договор со „росонерите“.

Милан и Спортинг се договориле за условите, а португалскиот тим побарал клаузула со која ќе се осигура дека Милан не може да го продаде фудбалерот во Порто или Бенфика.

Дјало има голем талент, па во иднина би можел да биде столб на одбраната на Милан, но навивачите во моментов сакаат напаѓач, а не нов стопер.