Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јануарскиот преоден рок секогаш беше посебно интересен кога е во прашање англиската Премиер лига.
Често се води анализа за тоа кое е најдобро, а кое најлошо јануарско засилување.
Некои клубови за “ситница“ знаеја да доведат фудбалери кои подоцна ќе станеле вистински ѕвезди, додека другите за ѕвезди давале огромни пари, а тие подоцна заминувале на мала врата.
Навивачите во Англија избраа најдобро јануарско засилување на сите времиња, а тоа е, според нивните мислења Луиз Суарез кој во јануари 2011 година премина од Ајакс во Ливерпул.
На второто место се најде Немања Видиќ кој во 2006 година дресот на Спартак од Москва го замени дресот на Манчестер Јунајтед.
Трет на листата е Џермејн Дефо кој освои само шест проценти од гласовите и далеку позади Суарез и Видиќ.
Тој во 2015 година се одлучи на враќање во Премиер лигата и тоа во екипата на Сандерленд каде што во оваа сезона игра како препороден.
На четврто место е Гери Кејхил, а на петто Тео Волкот.