Навивачите на неверојатен начин порачаа на Венгер да замине


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Апелите на навивачите за Венгер конечно да ја напушти клупата на Арсенал  преминаа и на Атлантикот, а најновиот начин за навивачите на францускиот стручнак да испратат порака е навистина единствен.

Имено, на еден огромен билбоард  на њујоршкиот Тајмс Сквер случајни минувачи може да видат слика на три навивачи на Арсенал како држат натпис „Венгер надвор“.

Арсенал загуби пет од последните осум лигашки дуели, и меѓу навивачите се повеќе се шири мислење дека е крајно време за Венгер да ја напушти тренерската позиција во овој клуб.

Ова не е прв пат за надвор од Англија да се види порака упатена кон тренерот на Арсенал, вакви натписи потсветени кон францускиот тренер во минатите денови се видени во Индија, Нов  Зеланд и Мајами.

Лондонската екипа на крајот на април се среќава со Манчестер Сити во полуфиналето на ФА Куп, а ова натпреварување е веројатно последна шанса за Арсенал во оваа сезона да оствари некој значаен успех.