Навивачите на Партизан „запалија“ улица и го најавија вечното дерби против Ц. Звезда (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Верните навивачи на белградски Партизан на неверојатен начин го најавија вечното дерби против ривалот Црвена Звезда.

Двете навивачки групи го најавија големиот спектакл, а „Гробари“ поседбно се потрудија за најавата на дербито.

Навивачите се распоредија низ цела улица и буквално ја „запалија“ со нивните факели. Тие направија огнен пат и ги освоија симпатиите ширум светот.

Пред неколку дена навивачите на Зенит на сличен начин ги испратија своите фудбалери на мечот против Фенербахче во Лига Европа. Тоа им се исплатеше, зашто руската екипа го совлада турккиот клуб и се пласираше во следното коло.

Мечот меѓу Партизан и Ц. Звезда се игра во сабота на втори март со почеток од 18 часот.