Навивачите на Портланд збеснаа: Нуркиќ ја скрши ногата, а потоа го удри и судијата! (ВИДЕО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Кошаркарската јавност е во шок, откако кошаркарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ доживеа тешка повреда против Бруклин.

Нуркиќ незгодно скокна во нападот, па јасно се забележа дека има страшна скршеница на ногата. Босанецот остана да лежи на паркетот и за среќа докторите брзо реагираа.

Навивачите ги налути еден од судиите кој беше под кошот, па очигледно виде дека Нуркиќ ја скрши ногата, а потоа тргна да го прескокне и му ја удри ногата која пукна.

Многумина веднаш го осудија за ова, а навивачите на Портланд бараат од НБА-лигата да му даде отказ на несовесниот арбитар.

Сепак, останува да видиме дали раководството на НБА-лигата ќе преземе нешто.