Навивачите на Челси најдоа замена за Коста


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Конте и Коста се наоѓаат во голема караница. Коста имаше барање поради повреда да не игра против Лестер, а така и ќе биде.

Шпанецот не отпатува во Лестер и некои медиуми тврдат дека е готово со него.

Навивачите на Челси веќе почнале да бараат нови играчи и веќе имаат листа на кандидати кои сакаат да ги видат на „Стемфорд Бриџ“.

Тие на листата ги споменуваат имињата на Антоан Гризман, Ромелу Лукаку, Алексис Санчез и Пјер-Емерик Обамејанг.

Станува збор за врвни играчи, но нема да биде лесно да се донесе некој од нив. Сите се скапи, имаат добри договори, но ако Коста замине од тимот, Роман Абрамович ќе мора да тргне по некој од нив или да донесе некој друг врвен напаѓач.

Коста оваа сезона во ПЛ постигна 14 голови на 19 натпревари и е убедливо прв на листата на стрелци во клубот.