Навивачите на Јувентус не мора да се грижат поради заминувањето на Буфон, еве зошто


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Навивачите на Јуве се одамна во паника поради заминувањето на нивниот миленик, голманот Буфон во фудбалска пензија. Тој го закажа заминувањето на крајот од оваа сезона.

Сепак, по сево ова што е видено оваа сезона, нема многу причини за паника, бидејќи за легендарниот голман на Старата Дама веќе има одлична алтернатива помеѓу стативите.

Јуве летото од Рома го доведе Војчех Шчесни, а полскиот голман оваа сезона бранеше на вкупно 13 натпревари за клубот од Торино.

Неговата статистика е навистина сјајна, со обзир на тоа дека на девет натпревари ја сочува својата мрежа недопрена. Во Серија А бранеше 10 натпревари, додека два натпревари беа во Купот на Италија и еден во Лигата на шампионите.

Шчесни (27) ја започна кариерата во Легија од Варшава, а во текот на кариерата бранеше за Арсенал, Брентфорд и Рома.