Навивачите немаат дилема: Во анкета го избраа следното засилување за Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европските гиганти секогаш биле во потрага по засилувања кои дополнително ќе го освежат тимот. Исклучок не е ниту во Барселона, без разлика на сите мајстори кои ги имаат Каталонците.

Управата на Барселона секогаш размислува да ги ангажира најквалитетните фудбалери, а притоа „Мундо Депортиво“ направи анкета на која учествуваа 46.715 навивачи и го избраа нивното наредно засилување.

На анкетата биле понудени 20 опции, а меѓу имињата на фудбалерите биле Мауро Икарди, Роберт Левандовски, Антоан Гризман, Пјер-Емерик Обамејанг, Хари Кејн и Килијан Мбапе.

Дури 48% од гласовите биле за Мбапе како посакувано засилување на Барселона, додека на второ место бил Кејн со 14% од гласовите. За другите фудбалери интересот бил многу помал кај поддржувачите на Каталонците.

Сепак, тешко може да се верува дека Барселона наскоро ќе го ангажира Мбапе, кој е главна желба и на нивниот вечен ривал Реал Мадрид.