Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач Маноло Габијадини пред неколку месеци се одлучи да го напушти Наполи и својата кариера да ја продолжи во англискиот Саутемптон.
Неговото доаѓање во Премиер лигата беше полн погодок бидејќи веќе во воведните натпревари со своите голови покажа дека ќе биде големо засилување за овој клуб.
Габијадини доби место во првиот состав и се тоа што му недостасуваше во претстојот во Неапол.
Во разговор за италијанските медиуми Габијадини откри дека многу му недостасува својот том, но дека нема причина да ја напушти Премиер лигата каде што се вклопи подобро од очекуваното.
Габијадини изјави дега цел му е да избори место во репрезентацијата на Италија, и во нареднето лето да игра во Русија на Светското првенство.
„Англија? Соиграчите се одлични и местото е навистина мирно. Во Саутемптон навивачите ви дозволуваат мирно да живеете. Единствено што ми недостасува е мојот дом во Италија.
Ми се допаѓа начинот на игра во Англија и се е онака како што очекував,. Сакам да се изборам за место во репрезентацијата на Италија и да играм на Светското првенство во наредната година. Тоа ми е главна цел засега“, рече Габијадини.