Навивач на Сити го провоцираше Карагер, па доби жесток одговор (ФОТО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По дербито меѓу Манчестер сити и Ливерпул уште страстите на социјалните мрежи не се смирија.

Сити го доби дербито со 2-1 и така остана во трка за одбрана на титулата, но сепка во центар на внимание беше моментот кога Џон Стонс ја исфрли топката од гол-линија, а на снимката се гледа дека недостигал 1,1 сантиметар за да биде гол.

„Граѓаните“ по мечот ги провоцираа навивачите на Ливерпул со таа фотографија, а на крајот легендарниот Џејми Карагер мораше да одговори.

Карагер го погоди коментарот во кој пишуваше дека „црвените“ ќе испуштат шанса за да станат шампиони, па тој напиша дека навивачите на Сити не се во состојба ниту да го наполнат стадионот, притоа мислеше на тоа што многу места на стадионот остануваат празни.