Надал во два сета го среди Андерсон, Тим подобар од Еванс, Сугита приреди сензација во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија три 1/8 финални натпревари на АТП турнирот во Барселона.

Рафаел Надал го победи Кевин Андерсон со 0:2 во сетови.

Шпанецот во вториот гем од првиот сет направи брејк, па до крајот остана сигурен на својот сервис и го доби првиот сет, 3:6. Освојувачот на турнирот во Монте Карло во вториот сет направи брејк во третиот гем. Надал не дозволи изненадување на својот сервис и победи со 4:6.

Доминик Тим беше подобар од Даниел Еванс со 7:6, 6:2, a јапонецот Јучи Сугита приреди сензација и го исфрли Пабло Карено Буста во два сета, 6:3, 6:3.

Во четвртфиналето во Барселона Надал ќе игра со подобриот од дуелот Зверев – Чунг, а Тим ќе се соочи со Сугита.