„Надал мора да се подобри или…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тенисер Пет Кеш смета дека наредната сезона би можела да биде последна за Рафаел Надал.

Тој вели дека Шпанецот имал 2 сезони лоши по ред и дека би можел да ја заврши кариерата доколку нешто слично се повтори во 2017.

„Јас мислам дека некои од проблемите на Рафа се од техничка природа и не сум сигурен дека го следеше напредокот на другите. Не сум сигурен дека Карлос е добро решение, но и понатаму мислам дека Рафа мора да се погледне во огледало и да најде специјалист за да го подобри сервисот.“

„Мислам дека луѓето треба да дојдат во Абу Даби и да видат некои од овие играчи, бидејќи можеби ова е последен пат да ги видат Бердих, Цонга и Надал како играат.“