Надал се повлече од Бризбејн: Сакав да играм, но… (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал нема да учествува на турнирот во Бризбејн, иако претходно беше најавен неговиот настап.

Вториот тенисер во светот реши да не биде дел од турнирот од серијата 250, зашто има проблеми со повреда.

„Се чувствувам добро, но по долг период без натпреварување, чувствувам болка во ногата. Затоа нема да играм на Бризбејн. Не се чувствувам лошо, тренирам секој ден, се обидов да играм, но докторите ми препорачаа да одморам“, вели Надал.

Шпанецот откри и за каква повреда станува збор.

„Беше тоа ситна повреда, која стана голема. Кога се натпреварувате на врвно ниво, тогаш мускулите ви се уништуваат. Сега се чувствувам подобро од пред четири, пет дена, но постои ризик да го уништам своето тело за само еден месец, ако продолжам да се натпреварувам“, објаснува Шпанецот.