Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раџа Наинголан летоска замина од Рома и потпиша за Интер, но во првите шест месеци не ги оправда вложените пари.
„Нераѕурите“ го купија за 38 милиони евра, а во Рим го испратија и талентираниот Заниоло, а Белгиецот одигра 15 настапи за Интер и постигна три гола.
Најголем проблем е неговата дисциплина, а на крајот на минатата година заработи суспензија од страна на клубот поради доцнење на тренинг, па се шпекулира за негово потенцијално заминување.
Италијанските медиуми пишуваат дека Наинголан би можел да заврши во Премиерлигата, а четири тима покажаа интерес.
Станува збор за Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед и Тотнем, додека наводно „топчиите“ се во пол-позиција да потпишат договор со него.
Интер би го продал за 30 милиони евра, но Арсенал во моментов сака позајмица до крајот на сезоната, а притоа да има право за откуп по крајот на соработката.