Напаѓачот на Бенфика од лето на Енфилд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул спреми понуда за напаѓачот на Бенфика, Раул Хименез.

Според англиските медиуми, црвените сакаат Хименез да го доведат на лето, а на Бенфика му понудија 22 милиони евра.

Мексичкиот напаѓач на Енфилд би требало да го замени репрезентативецот на Англија, Даниел Стариџ кој најави заминување.

Хименез е интересен фудбалер. Во август 2015-та година го напушти Атлетико Мадрид бидејќи договори трансфер во Вест Хем, но во ПЛ не заигра.

Не се појави на медицински прегледи во Лондон бидејќи заспа и го пропушти авионот за Лондон.

Набрзо потпиша за Бенфика за 18 милиони фунти.

Оваа сезона Хименез има постигнато 8 погодоци на 18 натпревари за португалскиот гигант.