Напаѓачот на шампионот на Англија е јасен: Никогаш повеќе нема да играм за Лестер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изгледа дека во Премиер лигата многумина се служат со примерот на Димитри Паје.

Фудбалерот на Лестер Леонардо Ољоа рече денеска дека е разочаран што клубот не му даде дозвола за заминување и додаде дека повеќе никогаш не сака да игра за шампионот на Премиер лигата.

„Со сета почит кон навивачите на Лестер. Се чувствувам изневерен од страна на (тренерот Клаудио) Раниери и изневерен од клубот. Нема повторно да играм за нив“, напиша Уљоа на својот Твитер профил.

Раниери порано рече дека Уљоа не е на продажба, дека го разбира неговото незадоволство, но дека нема намера да го пушти во друг клуб бидејќи му е потребен.

За аргентинскиот напаѓач, според наводите на британските медиуми, беа заинтересирани Алавес, Сандерленд и Галатасарај.

Уљоа во Лестер дојде во 2014 година од Брајтон.